ФОТО: Цела Шутка на нозе - скопска свадба на столетието!

Знаете ли на која свадба се мисли кога се зборува за скопската свадба на столетието? Се зборува за свадбата на скопската Ромка Јасмин Шабан која со своето семејство живеела во Виена, Австрија, а дојде во своето Скопје за да се омажи со никој друг туку со Боби Фарел, машкиот вокал и танчар на во тоа време мегапопуларната светска диско атракција, групата Бони М.

Не само Шутка и Топаана што биле неколку дена на нозе, туку цело Скопје се туркало пред хотелот Континентал за да може барем за миг да ѕирне каква е атмосферата на свадбата кај најпопуларниот скопски зет на светот.

Веднаш по свадбата младенците ќе заминат да живеат во Германија, каде по две години ќе ја добијат ќерката Занила, која денес се обидува да направи кариера на успешен хип-хоп артист.

Извор: ВИСТИНА

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега