Менаџментот на Аделина Тахири се огласи по скандалот

Аделина Тахири пред пријателите и претставниците на седмата сила ќе го промовира новиот материјал на кој веќе подолго време активно работеше, но и заедно со целиот тим на OnAir.FM Macedonia и мобилниот оператор „ONE“ ќе подготви големи изненадувања за присутните – ова е поканата што пристигна од пејачката Аделина Тахири, напиша Република.

Иако на поканата беше нагласено дека промоцијата е закажана за 11 часот, по пристигнувањето во хотелот, вработените ги известија новинарите дека промоцијата на новиот албум е закажана за 11:30 минути, но од пејачката немало трага ни глас до 11:40. По ова претставниците на седмата сила се договорија да ја бојкотираат промоцијата и да го напуштат хотелот.

По ова, менаџментот на Аделина се огласи со соопштение до медиумите. Ви го пренесуваме нивното соопштение во целост.

Почитувани пријатели, колеги и медиуми,

имаме потреба да изразиме големо жалење поради недоразбирањата кои денеска се случија на промоцијата на новиот албум на Аделина Тахири.

Уште пред еден месец, Аделина заедно со менаџментот на елитниот хотел „Bushi Resort & Spa“ ја закажа промоцијата за 28.01.2015 со почеток во 11:30 часот, но пред да ги пуштиме поканите до медиуми, донесовме одлука да направиме приемен дел од 30 минути со цел да се соберат сите медиуми.

Истата покана, на македонски и албански јазик беше испратена до сите медиуми, а Аделина Тахири задоцни само 15-тина минути поради гужва во сообраќајот.

Изразуваме благодарност за разбирањето, особено до екипата на популарниот дневен весник „Вест“, естрадниот магазин „Бекстејџ“ и многу други ценети македонски медиуми кои останаа да ја проследат до крај промоцијата.

Достојно за реномето на хотелот, но и стилот на Аделина, промоцијата заврши со коктел на кој присутните гости можеа да и поставуваат прашања и да се дружат со популарната пејачка.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега