Иванов: Секоја појава на нетрпеливост мора да се спречи

Комеморацијата во логорот Аушвиц-Биркенау беше момент на потсетување на едно од најстрашните злосторства во историјата на човештвото, потсетување до што се може да доведе нетрпеливоста и непочитувањето на разликите меѓу луѓето. Ова го оцени македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој вчера заедно со повеќе лидери од Европа, САД и Канада присуствуваше на одбележувањето на 70. годишнината од ослободувањето на концентрацискиот логор Аушвиц-Биркенау.

- Разговорите што ги имав со нив покажаа дека многумина не се запознаени со сето она низ што минале Евреите од Македонија, односно како во еден сличен логор на смртта од фашистичка Германија исчезнала речиси севкупната еврејска заедница од Македонија. Разговаравме за состојбите во регионот, за состојбите во Европа, за сето она што се случувавденес. За сите оние стравови, предрасуди и нетрпеливости кои се појавуваат денес и дека мораме да бидеме свесни кон што тоа води. Овој настан, оваа комеморација е можност да се потсетиме дека секоја ваква појава мора да се спречи, изјавил претседателот Иванов.

На комеморацијата, покрај македонскиот претседател присуствувале претставници на повеќе европски земји, САД и Канада, меѓу кои претседателот на Франција, Франсоа Оланд, германскиот претседател Јоаким Гаук, австрискиот претседател Хајнц Фишер, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, холандскиот крал Вилхем-Александар, белгискиот крал Филип, украинскиот претседател Петро Порошенко, литванскиот претседател Далиа Грибаускаите, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, словенечкиот претседател Борут Пахор, швајцарскиот претседател Симонета Сомаруга, премиерите на Норвешка и на Холандија, норвешкиот престолонаследник и други државници.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 13:32
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега