Македонија највисоко рангирана во ЈИЕ според здравствениот потрошувачки индекс

Република Македонија бележи историски напредок на европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2014 година, од 27-то место во 2013 година Македонија се искачи на 16-то место во Европа.

Македонија има најголем напредок од почетоците на ова рангирање,  што во голема мера се должи на елиминирање на листите на чекање, преку имплементација на електронскиот систем за закажувањево реално време, со што го зазема 16. место од 36 земји.

Македонија според  европскиот здравствен потрошувачки индекс  е рангирана на високото 16-то место веднаш зад Обединетото Кралство и Шкотска, Шпанија, Естонија, Словенија, Словачка, Италија, Хрватска, Ирска, Кипар, Унгарија, Латвија, Малта, Грција, Бугарија, Полска, Литванија, Романија.  

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега