Доаѓа нов влажен бран - Велес на готовс со сите ресурси против надојдените реки

По најавата од УХМР за нов бран на врнежи кој се очекува во петок попладне, а ќе продолжи и викендов, Кризниот штаб на општина Велес, предводен од градоначалникот Славчо Чадиев одржа итен состанок на кој се договорени мерките кои ќе се превземат во следниот период.

На координативниот состанок на кој учествуваа и претставниците на МВР, АРМ, ЦУК, ДЗС, Јавните претпријатија, градежните компании и членови на кајакарските клубови, беше утврдено веднаш да се стават во готовност сите расположливи ресурси, да се информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови, континуирано да се следи водостојот на реките и нивото на акумулациите и да се интервенира на мостовите каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки.

Во Велес критична точка претставува течението на реката Вардар низводно од левата и десната страна, пред и по мостот кај Башино село, во месноста Шорка, бавчите во Речани и Рени бунарите, кои се за снабдување со вода.

Опсасност од излевање постои и кај градскиот парк, фудбалското и ракометното игралиште, околината на железен мост (месност Дворови), Автобуска станица, Мало Мовче и низводно во околината на фабриката „Димко Митрев”.

Ризични подрачја се и суводолиците во сите населени места каде постои опасност од излевање на надојдените води.

На состанокот беше договорено припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција, а до сите граѓани се упати и апел да се помогне и да се активира во случај на поплави и доколку бидат загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК.

Во таа насока, се упати и повик до сите жители, сопственици на викенд куќи и одгледувачи на добиток во наведените критични подрачја будно да ја следат состојбата и доколку има потреба да превземат итни мерки за соодветна заштита од поплави.

Општина Велес веќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и е во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 14:06
Фото: 
нова македонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега