Гаспари: Македонија со најдобри економски перформанси во регионот

Македонија во моментов има најдобри економски перформанси од земјите во регионот. За среќа вие избегнавте да направивте некоја од непотребните грешки какви што се направија во Словенија, Хрватска, па дури и во Србија. Тоа е добра основа за натамошно подобрување на економијата и за спроведување на неопходните реформи. Ова го порача поранешниот словенечки министер за финансии Митја Гаспари за МИА по завршувањето на предавањето во рамки на ЕУ Твиниг проектот за зајакнување на капацитетот на Министерството за финансии за макроекономска анализа и формулирање на политики. 

- Мала отворена економија не може да биде стабилна и да има социјална кохезија без силен извоз. Вие сте на добар пат да ги постигнете овие цели. За тоа ви е потребна и малку среќа, но во секој случај обидете се да играте на начин кој сами ќе го изберете, а не како што ќе ви кажат другите, бидејќи на крајот вие живеете во Македонија, а не странците, изјави Гаспари според кој реализацијата на капитални инвестиции е добра за економија како македонската. Според него, доколку инвестирате во инфраструктурата, образованието и здравството ја правите вистинската работа за својот народ.

На предавањето во Министерството за финасии, на кое присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ Димитар Богов, истакна дека Македонија е среќна што за време на економската и должничката криза не беше членка на Европската унија. Тоа, додаде, е една од причините за растот на економијата и полесното справување со кризата. 

Политиката на привлекување директни странски инвестиции во Македонија, нагласи, носи нови технологии, знаења и пазари. 

- Покрај тоа носи и некои бенефити. Нормално е дел од профитот од слобдните економски зони да се одлива, бидејќи секој инвеститор сака да го прелее во својата матична држава, но секако дел останува и кај вас, прецизира Гаспари. 

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега