Чешиново-Облешево будно ја следи состојбата со поплавите - формиран кризен штаб

 
Во општина Чешиново-Облешево е формиран кризен штаб, кој ке ја следи состојбата со поплавите, излевањето на водите од Злетовска и река Брегалница и останатите одводни канали во општината.
 
- Најкритично е  на магистралниот пат А-3 Кочани-Штип, кај мостот на Злетовска река, кај село Уларци. Овде се влеваат водите од Злетовска во река Брегалница како и одводните води кои доаѓаат преку одводниот канал од Осоговските Планини. Со последните поплави минатиот викенд мостот се наоѓаше во критична фаза, а доколку поиплавите се повторат, над 120 илјади жители од општините од источна Македонија кои со Штип и Скопје се поврзани преку овој мост, ќе бидат отсечени од светот,  изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.
 
Личков ги посочи и останатите критични точки во општината а се однесуваат на Злетовска река, кај селата Жиганци и Уларци, одводниот канал кај село Облешево, т.н. Бугарски канал кај село Чешиново. Инаку, од изутринава механизација од Дирекцијата за заштита и спасување работи на чистење на каналот покрај железничката пруга од село Чешиново кон село Облешево каде што има и најголеми поплавени површини.
 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 14:47
Фото: 
канал77

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега