Делови од Скопје утре без струја

Без електрична енергија утре од 8.30 до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од Визбегово кон хотел Њу Стар и корисниците од ул. 2 во општина Бутел.

Според информациите од ЕВН Македонија во периодот од 08.30 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците Џон Кенеди, Кемал Ататурк и Цветан Димов во општина Чаир, од 09.30 до 14.00 часот.

Без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Кондово во општина Сарај и во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Скупи б.б – стра пат за Визбегово во општина Бутел.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега