Каракамишева: Националното брендирање не е избор, туку неопходност

Во денешната емисија “Поента” проф.д-р Тања Каракамишева- Јовановска се осврна на неколку значајни прашања меѓу кои: Кому му оди во прилог Македонија постојано да биде мета на напади и мета на надворешни поткусурувања? Кој им дал мандат на опозициските деструктивни сили постојано да ја оцрнуваат нашата земја и неосновано да ја тужикаат, клеветат, кодошат во наше име и за наша сметка? Која им е крајната цел? Што се се способни да направат заради одработување на странски агенди и странски интереси?

Лажните информатори или дезинформатори се насекаде, од нивните невистини и кодошења трпи уледот на земјата , но и нашето достоинство. РМ ќе мора да поработи на дистанцирање на овие тастери од клучните места каде се содава првичниот имиџ, или претстава за земјата, и со проактивна улога да го смени негативниот курс кој со години се создава на штета на земјата, вели проф.Каракамишева.

Да создадеме бренд на Република Македонија. Засилено место и улога на граѓаните на РМ во насока на позитивно промовирање на сопствената земја е клучен момент за новото национално брендирање на земјата. Националното брендирање повеќе не е избор на земјата, туку неопходност.Тоа повеќе не се сфаќа како функција која треба да биде извршена единствено од страна на политичките структури на земјата , туку станува збор за интегративен и концентриран напор на сите граќани на земјата, смета  професорката од Правниот факултет.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега