Во Крива Планака се санираат штетите од поплавите

Надлежните служби од општина Крива Паланка интензивно работат на санирање на штетите предизвикани од обилните врнежи и надојдените води. Штетите во најголем дел се санирани.

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски изјави дека екипи од Кризниот штаб по увидот на состојбата на терен ги сублимирале штетите, а утврдени се и приоритетите за дејствување.

Тој посочи дека екипи на Кризниот штаб ги посетиле сите места на територијата на општината каде имало штети, направен е план за дејствување со приоритетни локации, а потоа била мобилизирана целокупната расположлива механизација за расчистување и санирање на последиците.

- Дел од механизацијата беше ангажирана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и беа активирани возила и војници од Армијата на Република Македонија. Голем дел од патната и комунална инфраструктура се веќе ставени во функција. Расчистено е големото свлечиште настанато кај патот за селата Огут и Нерав, оспособен е патот до село Трново, санирани се и штетите во населеното место Скрљава. До населеното место Мизовски ливади може да се минува пеш, се уште не можат да минуваат возила, бидејќи мостот беше комплетно уништен, а водостојот на реката е висок, рече Алексовски.

Појасни дека најважно е да се оспособат за минување сите места кои биле буквално отсечени и да се овозможи повторна комуникација со градот, на што екипите од локалните служби и оние на подрачните одделенија на државните служби интензивно работат.

- Апелирам до граѓаните да се вклучат активно во отстранувањето на дефектите на сите места каде тоа го прават припадниците од АРМ, за да може со заеднички сили што поскоро да се вратат во нормала локациите кои беа најпогодени од надојдените води, додаде Алексовски. 

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега