Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најсилна партија во Македонија

Со над 150.000 членови ВМРО-ДПМНЕ е најгоелмата и насилна политичка партија во Република Македонија, а и довербата што народот на избори ни ја даде седум пати по ред покажува дека излегуваме од рамките на партија и прераснуваме во една сериозна сила на луѓе со способност, верба, мотив, волја да придонесат за натаможен развој на земјата. Политиката на отворени врати да му дадеме шанса на секого е она што како партија не разликува од другите. 
Ова го изјави вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прослвата на 23. роденден на партијата и 120 годишнината од основањето на ВМРО, на која покрај партискотѕо раководство, присуствуваа партиски членови, симпатизери, пратеници, министри, високи државни функционери, претставници на партиите од владеачката коалиција, дипломатскиот кор, истакнати личности од јавниот живот.
- Доказ за тоа е нашата отвореност и одлучност да дадеме еднакви шанси на сите, да бидеме отворени, што беше позиривно прифатено и препознаено од граѓаните како уште еден наш позитивен и искрен пристап кон општото добро што даде и огромен одѕив на огласите за раководење со функциите кои ги објавуваме. За разлика од нашиот противник кој еве слушаме продолжува со истите луѓе и поматаму, кои со години беа во тоа раководство блиску до нивниот лидер и безпоговорно го слушаа, рече Груевски.
 Тој се осврна на првите реакции во врска со најавите за објавување огласи за пополнување на партиски и на државни функции.
- Се сеќавам дека кога станав претседател на партијата и кога ги објавивме првите огласи за пополнување на партиските позиции, тогаш некои се потсмеваа и иронизираа, а некои ми велеа дека е високо ризичен чекор за кохезивноста и мирот во партијата, но се покажа за исправно за и потоа со примената на истиот принцип на отвореност и во државата и со позитивната практика од тоа, денес таквиот вид на огласи да станат препознатлива и корисна алатка за мобилизаација на кадри, подвлече Груевски.
 
Тој потенцира дека како владеачка партија остануваат отворени и посветени на исполнувањето на стратешките цели - членство во ЕУ и НАТО и оти пречката која стои на тој пат двојно повеќе ќе не мотивира со двојно повеќе работа да истраеме со цврст чекор на патот кон овие две цели.
- Минативе години добивавме многу позитивни извештаи на ЕК и исто токлу препораки за почеток на преговорите за чланство во ЕУ добио нашата Влада, но секогаш потоа следеше статус кво. И некако соочени со тие непринципиелности како сите ние да отрпнавме на тоа. Иако повторно се сработивме и тоа беше констатирано, повторно сме соочени со попречување. Нашиот сосед Грција, за жал, личи како да одбегнува интензивни разговори за отвореното прашање кое не попрелува, а од сруга страна ЕУ, дел преку објективното присуство на нивната земја членка, но дел и со помош на фактори во земјава кои се обидуваат да им дадат аргументи, се повеќе се пасивизира и заради сопствената немоќ да се справи со овој проблем го турка под тепих, и не исклучуваме во некоја иднина дури и да се обиде да се смисли секаква причина, за само причината за попречување на нашиот прогрес да не е Грција, затоа што ако Грција се прикаже како причина за наше држење на страна толку години, што е и објективно така, тогаш се покажува недостаток во нивниот систем на уредување, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати благодарност до ЕК за залагањата за Македонија, но вели, очигледно системот базиран на спсообности и сработеното не е многу битен за некои членки на Советот, за кои, вели поважна е политиката наспроти принципите. Она, вели, што мора да го направи Македонија е да подготви анализа на среден и на долг рок правејќи максимални обиди за консензус за тоа како да се справи со една ваква ситуација, а при тоа да не наштети на државните интереси и европските и евроатлантските аспирации и да ги обезбеди националните позиции за името и идентитетот. Тоа вели, не е алиби и не смее да обесхрабри, затоа што, подвлече, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е и не смее да звучи обесхрабрено, ВМРО никогаш не бара алиби туку бара излези и одговори.
 
Инаку, покрај отвореноста, која е успех за партијата, како што додаде, успех е и исчекорот со програмата и со отчетот кој не приближија до народорот, а тоа, рече, создава и уште поголема обврска кон татковината. Партијата во наредниот период, посочи, ќе биде псоветена на три аспекти - постојани промени за подобрување на функционирањето и организацијата, за поквалитетни идеи, мобилност на партијата и инвентивност во простапот и доследна и недвосмислена примена на политиката на отворени врати.
- Остануваме лојални на програмските постулати за развој на економијата и подобрување на стандардот на граѓшаните, за реализација на нашата интеграција во ЕУ и НАТО, на одбрана на промоцијата на нашите културни, јазични, национални белези се со цел развој на Република Македонија, порача лидерот на партијата Никола Груевски подвлекубвајќи дека претстојат уште многу предизвици и оти нема место за препуштање на вештачки комодитет

најчитано сега