СП ракомет: Полска и Катар во полуфиналето на Мундијалот

Полска против домаќинот Катар, е првиот полуфинален пар на Светското ракометно првенство.

Ова е епилогот по два одиграни натпревар од четвртфиналната рунда на Мундијалот.

Домаќинот на СП, Катар благодарение на фантастичната игра во првото полувреме кое го доби со 18:14, ја победи репрезентацијата на Германија со 26:24.

Полјаците пак во вториот четвртфинален меч, исполнет со голем број на резултатски пресврти, славеше победа над фаворизираната Хрватска со 26:24.

Која ќе биде втората полуфинална двојка на Мундијалот, ќе дознаеме вечерва откако ќе бидат одиграни преостанатите два четвртфинални натпревари во кои се среќаваат, Шпанија – Данска и Словенија– Франција.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега