Мртов маж пронајден кај Гевгелија

Денеска во атарот на село Миравци во гевгелиско, непосредно покрај пругата е пронајден машки труп со повреди на главата, настанати од удар на воз, објави Алфа.

Според информациите, починатиот немал во себе документи за идентификација и најверојатно се работи за странски државјанин. По извршениот увид на лице место, телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. 

Изминатиот период на пругата од Гевгелија кон Велес загинаа неколку лица, мигранти главно од Сирија и Авганистан. Сите случаи обвинителството ги затвори како несреќи.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега