Загина 5-годишно дете- трагедија вечерва ја потресе Македонија

Несреќата се случила вечерва околу 20 часот на локалниот пат кој мине низ центарот на Превалец. Детето со мајката и братот, се од селото Горно Јаболчиште, а во Превалец чекале превоз за дома. Детето било прегазено, а по ударот возачот не застанал туку продолжил да вози, објави порталот Дуна.

Пет годишно дете скоро без знаци на живот е донесено вечерва, околу 20.20 часот, на хирушкото одделение во велешката болница. По приемот подолго време лекарите се обидувале да го реанимираат и спасат.

„За жал не успеале во намерата,“ вели портпаролот на болницата, д-р Силвана Мишкова.

Несреќата ја потврди потпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.

„Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот,“ рече Стојковска.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега