Приведен возачот кој го прегази петгодишното детенце и побегна

Околу 20 часот синоќа на локалниот пат кој минува низ центарот на Превалец се случи несреќа која ја потресе Македонија. Како што јави Дума, петгодишно детенце било прегазено од автомобил, а по ударот возачот не застанал туку продолжил да вози.

Како што денеска јавува Канал 5, велешката полиција го пронајде несовесниот возач кој го прегази детето и избега. Се работи за 29-годишен жител на Горно Оризари кој го прегазил детето кое чекало воз со својата мајка и брат.

Иако лекарите се обиделе да го реанимираат, детенцето им подлегнало на повредите.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега