"Мочко еден што знаеш ти" - Стевчо Јакимовски во тепачка пред Зебра во Скопје

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера на паркингот пред скопскиот трговски центар “Зебра” за малку физички ќе се пресметаше со човек што беше паркиран на влезот на трговскиот. Како што јавува Вест, Откако обезбедувањето на “Зебра” се обидело да му објасни на човекот дека е забрането паркирање пред главниот влез, и не успеало, во расправијата се вмешал градоначалникот на Карпош, кој се нашол во близина, по што за малку ќе избиела и тепачка.

- “Слушнав како Јакимовски му рече на човекот: ‘Мочко еден, тргни се оттука, што знаеш ти”. На тоа човекот чиј автомобил беше паркиран, му одговори: ‘Не ми е гајле и да си прв полицаец, а не само градоначалник на Карпош’. Потоа господинот чиј автомобил беше паркиран на влезот го фати Јакимовски за вратот, а една жена од блискиот ресторан ги молеше да се смират и да се разделат”, вели сведок на настанот за Вест.

Повеќе прочитајте на ВЕСТ.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 09:21
Фото: 
вест

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега