Македонија НЕ го изгубила правото на глас во Генералното собрание на ОН

Република Македонија не го изгубила правото на глас во генералното собрание на Обединетите нации, информираат од министерството за надворешни работи.

Оваа реакција пристигна по информациите во некои медиуми дека Македонија го изгубила правото поради неплатен долг од 24.606 долари.

-Во однос на плаќањето , по основ на контрибуции кон обединетите нации неопходниот износ бил подмирен и тоа во скоро време ќе биде нотирано во Обединетите нации, информираат од МНР.

Опозициската СДСМ вчера ја прозва власта дека на земјава и е одземено правото на глас во Обединетите нации со потпис на генералниот секретар Бан Ки-Мун и дека две години по ред нашата држава не плаќала придонеси кон светската организација.

На ова од владејачката партија возвратија дека СДСМ немаат кредибилитет да зборуваат за државничките интереси и оти тие ја втурнале државата во борбата за зачувување на идентитетот. 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега