Македонија пред поплави: Во петок доаѓа циклонот Давид - ќе донесе вистински потоп

Обилните врнежи не очекуваат од петок попладне кога ќе бидеме под постојано влијание на влажни бранови кои ќе донесат обилни врнежи од дожд, информира УХМР. 
На планините ќе вее снег. 
Првиот обилен влажен бран се очекува ноќта меѓу петок и сабота највеќе во западните и јужните делови. Вториот бран ќе дојде во сабота кон недела и недела претпладне. Овој бран ќе биде со послаб интензитет и наместа се очекуваат врнежи од 10 литри на метар квадратен. Ова е релативно топла воздушна маса од југ што ќе донесе пораст на температурите кои ќе достигнат и до 13 степени. 
Најкритични точки во Македонија се горниот тек на реката Вардар во полошкиот регион околу Јегуневце поради топење на снегот. 
Ќе пораснат водите и на Радика и на Црн Дрим како и Треска околу Пласница. Ќе пораснат и водите на Црна. 
Во јужниот дел ќе надојдат водите од Кожуф а може да се очекува излевање во валандовскиот регион. 
Се препорачува поголемо внимание бидјеќи покритично ќе биде во сабота кон недела кога ќе надојде вториот влажен бран па тогаш може да има проблеми во Куманово и во делот околу Каталновска бања. Проблеми ќе има и во штипскиот регион, околу Карбинци. 
Оваа година е карактеристична по тоа што има најголеми врнежи. Од УХМР велат дека и пред поплавите имавме високи температури кои доведоа до топење на снгот што ја зголеми влагата во почвата иги зголеми водостоите на реките. 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега