Крива Паланка се мобилизира во пресрет на најавеното невреме

Општинскиот штаб за кризи во Крива Паланка денеска одржа состанок со Територијалната противпожарна единица, Црвениот крст, ЈП „Комуналец“, подружницата на ЈП „Македонски Шуми“-„Осогово“, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, на кој се донесени заклучоци за преземање на неопходни мерки за заштита од евентуални поплави. 

Општина Крива Паланка ги мобилизираше сите расположиви ресурси за заштита и самозаштита на инфраструктурата, имотот и населението од најавените поројни дождови, кои се очекуваат за утре попладне. 

- Договорено е да се преземат сите неопходни мерки за да се избегнат што е можно повеќе штети и последици од најавеното невреме. Утвредни се критичните точки и места, се подготвуваат вреќи со песок за да се интервенира каде што има потреба, а моментално се работи и на расчистување на Крива Река и Дурачка Река од паднати дрвја и наноси за да не дојде до попречување на текот на реките при зголемен прилив и водостој, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Според градоначалникот, договорено е никој од надлежните институции да не ја напушта општината во кризниот период за да може навремено и ефикасно да се интервенира.

- Обезбедена е и подготвена и механизација во случај на потреба од итна интервенција на одредени критични места, кои би биле евентуално погодени од непогодата, посочи Алексовски.

На подрачјето на Крива Паланка, според најавената временска прогноза, се очекуваат врнежи од околу 40 литри на метар квадратен.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 12:25
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега