ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Големо невреме доаѓа кон Македонија - цела земја во портокалова фаза

Од утре попладне под влијание на циклонска активност и серија влажни бранови од Медитеранот ќе има нови пообилни врнежи од дожд придружени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи.

Првиот поинтензивен бран на врнежи ќе биде утре попладне и ноќта спрема сабота и поизразен ќе биде во западните и јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 л/м2 дожд. Утре ќе дува засилен до силен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час. На планините над 1000 м н.в. врнежите ќе бидат од снег, а кон утринските часови во сабота оваа висинска граница ќе се спушта. На поголемите висини снежната покривка значително ќе се зголеми.

Во сабота преку денот ќе има извесен прекин на врнежите, а нов поинтензивен влажен бран ќе има во ноќните часови кон недела и во недела претпладне, кога на места врнежите ќе бидат поројни (локално над 30 л/м2), проследени со грмежи и повремено силен ветер.

И во понеделник се очекуваат врнежи од дожд, но тие ќе бидат со слаб до умерен интензитет. На некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник.

 

Утре и за време на викендот дневните температури ќе бидат релативно високи и ќе се движат од 8 до 14 степени, а од понеделник ќе опаднат за неколку степени.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега