Јакимовски се огласи по инцидентот пред Зебра во Скопје - не се тепав

Лидерот на ГРОМ и градоначлник на Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи по наводниот инцидент пред трговскиот центар Зебра за која пишуваше весникот Вест. Јакимовски вели дека не се точни информациите дека ќе се степал со несовесниот возач ниту пак дека го навредил

 

„ Јас си стоев со сопругата, си правевме муабет пред „Зебра“, кога гледам одеднаш џип се паркира на влез на МПМ. Излезе портирот и го замоли човекот да го паркира џипот на некое друго место, зашто тоа е службен влез. Знаете колку понизно, колку културно го замоли... И овој почна да се дере, не сакаше да се препаркира и јас се вмешав. Ниту бев вознемирен ниту нешто друго. Дојде и засилување и обезбедување од „Зебра“ па после третиот пат ја тргна колата. Човечки му се обратив, да го респектира портирот, да не се расправа со човекот, зашто овој културно го молеше, дури и понизно. Му реков на тој со џипот: Абе портирот може леб да загуби поради тебе!“ - вели Јакимовски за Плусинфо

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега