Тој го држи рекордот: Македонскиот пратеник што зел најмногу за патни трошоци

По отворањето на темата за патните трошоци кој биле исплаќани на пратениците од собранието на Република Македонија, „Република“ направи анализа колку ги чинеле граѓаните патувањата на пратеничката група на СДСМ во 2013 година за која постојат целосни и релевантни податоци.

Имено 12 пратеници од СДСМ земале точно 12.978.464 денари на име патни трошоци, или во пресметано во евра тоа е рамно на едно помало богатство од над 210 илјади евра за бензин и амортизација на возилата на пратениците од СДСМ. Па така патувачи рекордери милионери или оние кој земале највеќе се пратеникот од Битола Менде Динески кој за една година земал неверојанти 1.221.226 денари или пресметано во евра речиси 20 илјади евра за една година. На списокот патувачи рекордери е и Весна Бендевска која од собранието земала 1.126.263 денари или пак 18.300 евра за една година. Пратеникот Голупчо Ангелов од Делчево земал 1.187.680 или пресметано во евра само овој пратеник државата ја чинел над 19 илјади евра, објави „Република“.

Тука е и Цветанка Иванова од Струмица која за пат земала над еден милион денари или точно 17 илјади евра, а братучедот на Црвенковски односно пратеникот Митре Велјановски на име патни трошоци земал 18.600 евра односно 1.145.307 денари.

-А она што е запрепастувачки сосема анонимните пратеници од СДСМ кои со својата работа поминаа сосема незабележително  Дивна Ефтимова, Саве Марачков  и Светлана Мазгалова тројцата земале вкупно 3.469.754 денари односно 56 илјади евра, или пак по пратеник тоа би изгледало вака- Ефтимова земала 20.700 евра, Мазгалова  18.965 евра, а Саве Марачков земал 16.752 евра. На списокот патувачки рекордри е и Горан Сугарески од Прилеп кој за една година земал од буџетската каса на граѓаните 918.801 денари односно приближно 15 илјади евра. Пратеникот Миле Андонов за патувањата до Кочани добил  798.124 денари, а  Голупчо Ангелов поминал над еден милион за една година и добил 1.187.680 денари, и пратеникот Орце Панчев е со 1.073.184 денари за патувања  во својот џеб. Она што е сипмтоматично што ваквите исплати се одвивале и пратениците барале да им се исплатат патни трошоци иако неформална тајна за неколку од горенаведените е дека имаат станови во Скопје и не патуваат секојдневно, што значи милионите за патни трошоци им се чиста заработка и се фиктивно прикажувани, пишува „Република“.

Дополнително, податоците до кои дојде неделникот, покажуваат дека пратениците на СДСМ ја чинеле државата само по основ на патни трошоци речиси 13 милиони денари или над 210 илјади евра, плус платите кои им се исплаќале, а да не споменуваме за платите кои актуелните пратеници на СДСМ ги земаат а не одат на работа, со што се добива една вртоглава сума која според упатените се смета во милиони евра.

По отварањето на дебатата за тоа колку пратениците земаат по основ на патни трошоци од пред неколку дена, СДСМ вчера излезе со соопштение во кој нападна дел од пратениците чии имиња беа посочени и за тоа ја повика ВМРО-ДПМНЕ да одговори во јавноста и на граѓаните, како е можно да се земале токлави суми. Но по обелоденувањето на овие последни информации, а водејќи се спроед принципите на доследност и одговорност истовремено јавноста и граѓаните очекуваат од СДСМ и Зоран Заев да одговорат како е возможно само 12 пратеници да ја чинат државата едно мало богатство односно 13 милиони денари? И дали се свесни колку монтажни училишта, амбуланти или храна за социјално загрозените можеше да се обезбеди со овие пари, заклучи „Република“.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега