ФОТО: НБРМ одлучи - вака ќе изгледа новата банкнота од 200 денари

Советот на Народната банка ја усвои Информацијата за идејното решение на новите книжни пари од 200 денари.

Како што информираат од НБРМ, носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот кој им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни откритија на територијата на Република Македонија.

На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп. На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната  фасада на „Шарената (Алаџа) џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.

timthumb10500326_10203914660841965_8740526900939801551_n-620x299

 

Советот ги усвои Одлуката за издавање за пуштање во оптек кована пара за колекционерски цели „Овен“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованата пара „Овен“ ќе се издаде со апоен од 10 денари во 7000 парчиња

Во јавноста циркулираидејното решение и за банкнотата од 2000 денари

– Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи. Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација, стои во соопштението на НБРМ.

 

10411110_10203914661441980_2893971364318031844_n-620x28210422527_10203914662642010_2804793242668173681_n-620x281

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега