Се спрема невреме: Очекувајте ветер со удари и над 80км/час

Според информациите од УХМР, нов јужен бран од дождови ќе ја зафати територијата на Република Македонија во петок попладне.

Утре ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80км/час. Попладне  и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни (локално од 40л/м2 до 60 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголеми. Нови пообилни врнежи ќе има во сабота ноќта и во недела кога врнежите ќе бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер. 

Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите и се очекува излевање на реките со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега