Да не ти се верува: По колку пари заработи секој репрезентативец на Катар

Катарската ракометна репрезентација направи историски подвиг со пласманот во полуфиналето на Светското првенство, кое се одржува во оваа земја. Цел свет зборува за огромниот бонус што секој играч ќе го добие за победата над Германија во четвртфиналето. Се шпекулира со бројка од еден милион долари, автомобил Масерати и луксузен стан во Доха. На ова се додаваат и по 100.000 долари за секоја победа во групната фаза и за победата во осминафиналето, со што се доаѓа до неверојатна бројка од 3 милиони долари. Можете да замислите што би добиле ако се пласираат во финалето, или пак ја освојат титулата?

За споредба, најдобрите ракометари на планетава во врвот на својата кариера заработуваат околу 300.000 долари годишно, што би значело дека за да ги заработат парите што катарските ракометари ги заработија за 2 недели, им се потребни околу 10 сезони.

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега