ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Шилегов не одговори за скандалите?

Петре Шилегов со денови молчи и се крие од одговори, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференција на Александар Стојкоски, пратеник во Собранието на Република Македонија

Каде се изгуби човекот кој секој ден држеше прес конференции и фабрикуваше скандали за други?

Тој не даде ниту еден одговор за скандалите поврзани со неговиот приход и имот. Зошто Шилегов ја игнорира јавноста?  Зошто јавно не покажа еден аргумент за скандалите со својот имот?

Како што можеме да видиме и во СДСМ го тргнаа од држење празни прес конференции, само да не биде принуден да одговори како е можно да добива 700 евра месечно закупнина за имот кој не постои?

Kако може човек кој до скоро пријавувал месечен  приходи од 33 000 денари да има купено злато, накит и часовници во вредност од 130 000 евра?

Kако е може просечен човек да купи уметнички слики во вредност од 50 000 евра?

Kако може во својот стан да смести 4 фирми и притоа за ниту една да не пријави дека има договор за закуп?

Дали имотот од 1 милион евра го стекнал преку сомнителни приходи?

Еве овие и уште многу други прашања Петре Шилегов избегнува да ги одговори.

Ај Што Шилегов се крие, можеме да разбереме, фатен е на дело во скандали и нема одговори. Ама тоа што Зоран Заев и СДСМ молчат, тоа не можеме да го разбереме. Зарем за нив е нормално сето ова?

Очигледно дека во СДСМ вредностите се мерат во тоа кој може повеќе на сомнителен и нечесен начин да стекне богатство. Шилегов сигурно се водел од тоа дека ако може Заев да тера тендери со фамилијата, Шекеринска ако може сама  на себе да си наплаќа кирија од 5 000 евреа, тогаш може и тој да прави слични дубари.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа