Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работници во индустријата во текот на минатата година бележи раст од 7,9 проценти. Според објавените податоци на Државниоот завод за статистика, раст од 7,9 проценти бележи и растот на бројот на работници во декември 2014 во однос на декември 2013 година.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи опаѓање од 3,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од  еден отсто. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,7 отсто, Капитални производи за 113,6 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,9 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,5 проценти. 

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега