Франција е вториот финалист на СП во Катар

Светот ќе добие нов ракометен шампион, откако селекцијата на Франција во полуфиналето на Мундијалот во Катар, го елиминира бранителот на шампионскиот трофеј Шпанија.
 
Во вториот полуфинален меч на Светското првенство, репрезентацијата на олимпискиот и европски првак Франција во текот на целиот меч беше подобра од Шпанија и на крајот заслужено славеше победа со 26:22. 
 
За „Триколорите’’ ова ќе биде шесто финале на Мундијалите, а на досегашните пет Французите дури четирипати успеваа да го освојат шампионскиот трофеј. Доколку тоа им успее уште еднаш тие по втор пат ќе обединат титулите од трите најголеми натпреварувања.
 
Потсетување дека во првиот полуфинален меч репрезентација на катар ја победи Полска со 31:29, со што Катар влезе во историјата како прва не европска земја која ќе освои медал на Мундијалот.
 
Така, во финалето на 24-тото СП, закажано за во недела, ќе играат домаќинот Катар и Франција, додека за бронзата ќе се борат Полска и Шпанија.
 
Утре ќе се играат натпреварите за 5 и 7 место, а во нив Хрватска и Данска ќе заигруваат за 5.место, додека Германија и Словенија ќе се борат за седмата позиција во конечниот поредок.
 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега