Нарко-босот Шариќ не е во Црна Гора

 

Црногорската полиција синоќа соопшти дека, според нејзините сознанија, нарко-босот Дарко Шариќ, кој е во бегство, не се наоѓа на територијата на оваа земја. 

Полицијата, реагирајќи на наводите на белградскиот весник „Блиц“ дека Шариќ се крие во Црна Гора од каде што води преговори со српските власти за негово предавање, истакна дека станува збор за невистинита информација.

- Според сознанијата на Управата на полицијата на Црна Гора и врз основа на размената на оперативните податоци на меѓународно ниво со полициите и партнерите, српскиот државјанин Дарко Шариќ не се наоѓа во Црна Гора, се наведува во соопштението. 

најчитано сега