Заев осомничен во акцијата „Пуч“ заедно со Зоран Верушевски

Четири лица меѓу кои  лидерот на СДСМ Зоран Заев се осомничени во големата полициска акција „Пуч“, јави МВР. Според информациите од полицијата, првосомничен е екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски кого полицијата го терети за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.
Покрај него осомничен е и лидерот на СДСМ Зоран Заев кој од септември остварувал средби со Груевски и му се заканувал со докази против него, барајќи техничка влада и иизбори. За возврат Заев велел дека нема да ги објавува т.н. бомби. Според полицијата изворот му бил Верушевски. Применети се посебни истражни мерки  а на 22 јануари извршен е и претрес кај Верушевски при што се најдени 2 пиштоли, 4 компјутери и 6 мобилни. Од анализата на содржината во компјутерите пронајдени се илјадници документи кои покажуваат дека се сторени делата.Меѓу доказите најдени се и снимки од разговори на лица од политиката и јавниот живот. Станува збор за обемна содржина од преку милион фајлови.
Покрај ова, одземен е и компјутер од Стопанска банка каде работела сопругата на ВЕрушевски.
Покрај Верушевски и ЗАев осомничен е и вработен во општина Струмица. Денеска извршен е и претрес на неовото работно место при што се одземени 4 компјутер, а претресот се уште е во тек.
Целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија. 
Заев е единствениот кој не е приведен во оваа полициска акција. Останатите тројца веќе се во рацете на полицијата. Зоран Верушевски е уапсен пред неколку дена а сега приведена е и неговата сопруга Соња како и Бранко Палифров од општина Струмица.
Според инфрмациите на полицијата, за делото поврано со детстката порнографија ќе одговара Горан, помалиот син на Зоран Верушевски кој не е достапен за органите на прогонот и за чие приведување ќе биде ангажиран и Интерпол

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега