Штипјанка избегнувајќи да плати данок го оштетила Буџетот за повеќе од 3000 евра

СВР Штип до Основото јавно обвинителство - Штип поднесе кривична пријава против В.К. (53) управител и сопственик на ПЗУ аптека „Симона“ и правното лице ПЗУ аптека „Симона“ од Штип поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „даночно затајување“.

Пријавената како основач, сопственик и управител на правното лице ПЗУ Аптека „Симона“ во периодот од почетокот на 2009 година до ноември 2014 година со намера да избегне делумно плаќање на персонален данок присвојувала парични средства од дневниот промет, пари кои се лични примања, а согласно законот се должни да платат персонален данок. Со кривичното дело пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 189.755 денари.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега