Дилер од Пехчево фатен како одгледува канабис во станот

Беровската полиција поднесе кривична пријава против С.А. (26) од Пехчево, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. 

На 7 окотмври минатата година, во Пехчево е извршен претрес во станот на пријавениот при што се пронајдени семки од растението „канабис сатива“ со маса од 62,6 грама, како и 680,4 грама растителен материјал листови и рачки.

Во текот на истиот ден е извршен претрес во месноста „Кучков Рид“ атар на Пехчево, при што се пронајдени уште 36,9 грама растителна материја од „канабис сатива“. По преземени мерки е утврдено дека овој растителен материјал го засадил пријавениот пред околу осум месеци и бил наменет за продажба на лица од Берово.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега