Вистинска драма се одвива во скопска Кисела Вода

Во зградата со број 1 на улицата Петар Дељан во скопска Кисела Вода во моментов се одвива вистинска драма. Старицата која пред неколку недели го предизвика пожарот во зградата, оттогаш била заробена во својот стан. Жената и покрај тоа што е со здравствени проблеми успеала да преживее три недели без храна, ниту пак излегла од зградата. Старицата не можела да излезе цели три недели од дома бидејќи од млазот вода со која пожарникарите го гаселе пожарот се подигнал паркетот при што таа не можела да отвори. Три недели удирала по ѕидовите и очајно молела за помош но никој не ја слушнал се до денес, кога еден од станарите на зградата слушнал како старицата моли за помош и веднаш повикал полиција.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега