ДЕТАЛИ: Очајно молела за помош - старицата која ја запали зградата во Кисела Вода заробена во својот стан

Само неколку недели откако жителите на здрадата со број еден на улицата Петар Дељан во скопска Кисела Вода поминаа низ вистински хорор откако таа се запали, и денеска се соочија со вистинска драма.

Според информациите до кои дојде Пресс24, старицата која пред околу десетина дена ја запали зградата палејќи хартии на својата тераса, останала заробена во својот стан. Жената која инаку има здравствени проблеми, со денови седела во својот стан на петтиот кат, бидејќи нејзиниот паркет се подигнал од млазот вода со која пожарникарите очајнички се обидуваа да ги смират пламените јазици кои беснееја.

Според нашите податоци, старицата со денови седела без храна и вода, и иако очајнички молела за помош и тропала по вратата, никој од станарите не забележал што се случува.

Во моментов на местото на настанот има полиција, пожарна и брза помош. Случајот го пријавил сосед кој слушнал како жената моли за помош.

Пожарникарите морале да ја скршат вратата на станот со број 16, за да ја извадат несреќната жена.

Инаку, пожарот кој избувна пред неколку недели предизвика вистинска паника. Четири пожарникарски возила се справуваа со пламените јазици. За среќа, во пожарот немаше жртви.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега