Јанкулоска: Во четири наврати еден од осомничените јасно упатил закани до премиерот

Во четири наврати еден од сомничените имал дирекен контакт со претседателот на Влада каде јасно упатил закана дека ќе обелодени информации  до кои дошол и се со цел да го принуди за формирање на техничка Влада, што е надвор од сите уставни процедури и претсвува нарушување на устваниот поредок на Македонија.

Ова денеска на вестите на Канал 5 го изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во сите прилики, како што подвлече Јанкулоска, тој се повикувал на информации од странски служби.

-Она што успеавме да го видиме од документите кои се запленети при претресот кај првоосомничениот евиденто е дека поседувал документи со содржина на недозволиво прибирање на информации, како што се лични податоци за лица од јавниот и општествениот живот. Од она што го имаме како доказ, евиденто е дека првоосомничениот и четвросомничениот биле во контаткти и оствариле средби. Нивната комуникација била во насока да се упати закана кон претседателот на Владата за да се постигне однапред дефинираната цел: на незаконски начин, надвор од уставните и законските процедури со нарушување на демократските принципи да се формира техничка влада, истакна Јанкулоска.

Таа додаде дека сите аспекти МВР дополнително ќе ги истражува со насоки од Јавното обвинителство.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа