ВМРО-ДПМНЕ апелира за смирено и рационално однесување на граѓанскиот собир

Во однос на најавите и повиците за спонтани собири на граѓани по социјални мрежи, кои згрозени од постапките на лидерот на опозицијата, кои денес излегоа на виделина, ВМРО-ДПМНЕ сака да испрати апел за смирено и рационално однесување, велат од партијата.

-Сакаме да истакнеме дека го разбираме гневот и незадоволството на граѓаните по информацијата за последната акција спроведена од институтициите, но сме уверени, како многу пати порано соочени со вакви предизвици, дека ќе преовлада разумот, мудроста и зрелоста кај граѓаните. Потребно е да се дозволи, целокупната постапка која е комплексна, сензибилна и повеќеслојна да биде препуштена на надлежните инстутуции кои треба да ја изведат во законска, транспарентна, професионална и отворена доказна постaпка преку која ќе се дознае вистината, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега