СП: Место да влезе во Собрание Заев го урива уставниот поредок!

Наместо да влезе во Собранието на Република Македонија и активно да се вклучи во неговата работа, сведоци сме на брутален обид за насилно уривање на уставниот поредок на државата, организиран токму од страна на опозицијата и нејзиниот лидерот. За граѓаните на Република Македонија се неприфатливи активностите на шпиунирање, насилство врз највисоките претставници на државните институции и помагање во тоа.

Ќе повторам, наместо на организирано дејствување на опозицијата во Собранието, сведоци сме на нејзино организирано дејствување за употреба на одредени информации по нелегален пат за да изврши притисок врз претседателот на Владата на Република Македонија, со наметнување на барања надвор од 

законските процедури и формирање техничка влада.

Жално е сознанието претседател на најголемата опозициска партија да злоупотребува средби со официјални лица, при тоа заканувајќи се со обелоденување на информации кои наводно би можеле да нанесат штета на поединци на високи државни позиции и при тоа настојувајќи да се издејствува промена на составот на Владата на Република Македонија надвор од демократски предвидените процедури и предвремени парламентарни избори.

Дали воопшто може да се најде било какво оправдување за соработката со одредена странска разузнавачка служба од која се добиени снимени или монтирани телефонски разговори на претставници од државниот врв?

Ова е повторно газење на достоинството на македонските граѓани и потценување на нивната демкратска свест. Истовремено ова претставува и непријателско работење кон македонската држава и македонските граѓани. 

Сите овие активности нанесуваат голема штета врз изградениот углед на државата. 

Ова претставува сериозен обид во подривање на државата и нејзиниот правен систем, како и уривање на нејзиниот уставен поредок. Социјалистичката партија на Македонија ги повикува сите надлежни институции да ги превземат сите дејствија за расветлување на овој случај, затоа што владеењето на законот е поденакво за сите, па дури и за челниците на опозицијата.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа