ФОТО: Најпознатите светски медиуми известуваат за „Пуч“ каде е осомничен Зоран Заев

Акцијата „Пуч“ во Македонија во која осомничен е и лидерот на СДСМ Зоран Заев дека за да дојде на власт соработувал со странски тајни служби и се заканувал дека ќе го урне уставниот поредок, не помина незабележано ниту во светски познатите медиуми.

dwdwdw

 

Ројтерс во насловот „Македонскиот опозициски лидер обвинет дека со заговор сака да ја преземе власта“ пренесува дека Заев ги негира обвинувањата, со изговор дека власта на овој начин се обидува да го спречи да ги објави доказите што ги поседува.

„Груевски кој е на власт од 2006 година го обвини Заев дека со уцени сака да предизвика предвремени избори и сето тоа во соработка со разузнавачки агенции. Заев со месеци се закануваше дека ќе го објави она што го поседува и дека тоа е доказ за криминалните малверзации од страна на владата кои можат да им наштетат на меѓуетничките односи во Македонија“- пишува Ројтерс.

rojters-zaev

Фокс Њуз веста за полициската акција во која четвртоосомничен е Зоран Заев кој воедно е единствениот кој не е уапсен објавува: Лидерот на македонската опозиција обвинет за организирање на државен удар, одземен му е пасошот

foxnews

Еј Би Си Њуз: Лидерот на македонската опозиција обвинет за организирање на државен удар

abcnewsss

„Лидерот на опозицијата во Македонија обвинет за организирање на државен удар“. Со овој наслов за случувањата во Македонија известува Вашингтон пост.

wwasingtonn

Хералд трибун: Лидерот на македонската опозиција обвинет за организирање на државен удар

Дојче веле пишува: Лидерот на македонската опозиција обвинет за заговор за соборување на Владата

dwdwdw

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега