Опозициските аналитичари со навреди и дисквалификации кон Могерини по соопштението за „Пуч“

За аналитичарот Едмонд Адеми, соопштението од Брисел е „одвратно и срамно“. Во него е наведено дека обвинувањата кон Зоран Заев се сериозни и истите треба да се истражат.

Адеми кој долги години беше член на ЦО на СДСМ преку статус на Фејсбук се нафрли со навреди и дисквалификации врз шефот на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Адеми во својот статус соопштението на ЕУ  го нарекува “одвратно и срамно“, видно незадоволен од пораката која пристигна од Брисел по вчерашната акција и обелоденувањето дека за да дојде на власт Зоран Заев соработувал со странски тајни служби и се заканувал дека ќе го урне уставниот поредок

- Федерика Могерини, дали сте вие свесна што се пишува во вашата канцеларија? Доколку сте свесна, тоа е срамно, одвратно и целосно без чувство, напиша Адеми.

За потсетување, во соопштението од Брисел синоќа беше порачано дека обвинувањата се сериозни и треба да се истражат.

- Ова се многу сериозни обвиненија и ние потсетуваме на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага во случај на било-какво наводно погрешно работење, целосно почитување на правата на обвинетите во согласност со законот и меѓународните стандарди, вклучувајќи го и принципот на презумпција на невиност Политичките партии треба да се воздржуваат од дејствија што уште повеќе ќе ја поткопа ситуација, се вели во соопштението на дипломатската служба на ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега