Велиновска: Изразот на Заев покажува страв и несигурност

Лидерот на СДСМ се плаши, неговиот израз на лицето покажува страв и несигурност, смета новинарката Мирка Велиновска  во став искажен во дебатната емисија на МТВ.

-Изразот на Заев покажува страв и несигуност и штом се повикува народ да излезе да го брани да ја освојат слободата, а во втората изава ја повикува меѓународната заедница да дејствува, тој сега се плаши. Третото е дека ако мене ме уапсат, иако сум преголем залак, но ако ме уапсат доукументите ќе ги пушти цел СДСМ, смета Велиновска.

Таа додава дека Заев сака да обезбеди и да не му избегаат сега колегите околу него да почнат да се дистанцираат како што ќе иде процесот.

-Значи ем сака да ги инвовлира сите во СДСМ, ем повикува на востание, но од надвор да му го менаџира меѓународна заедница и праќа порака. Кај и да е, сега по команда ќе се вклучи и Љупчо Георгиевски, вели Велиновска. 

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа