Франција е светски шампион

Репрезентацијата на Франција е нов светски првак во ракомет, откако во финалето на 24.Мундијал во Катар ја совлада домашната селекција со 25:22.

По овој триумф „триколорите“ се актуелни освојувачи на трите највредни репрезентативни трофеи од Олимпијадата, Светското првенство и Европскиот шампионат.

Французите финалето го одиграа во висок ритам контролирајќи го резултатот во текот на целиот натпревар. Катар во неколку наврати пред крајот се доближуваше на само еден гол, но квалитетните и искусни француски репрезентативци не дозволија изненадување.

Составот предводен од Никола Карабатиќ кој постигна пет голови, на својата земја и ја донесе петтата титула светски шампион, по освоените првенства 1995, 2001, 2009 и 2011.

Следниот Мундијал по две години ќе се игра токму во земјата на новиот шампион.

Победата на Франција е битна и за Македонија, бидејќи по овој исход нашата репрезентација остана во игра за обезбедување место во квалификациите за Олимписките игри во Рио 2016. 

Третото место, односно бронзениот медал го освои селекцијата на Полска откако во „малото финале“ ја совлада Шпанија по продолженија со 29:28. Ова за селекцијата на Полска е трета бронза во историјата.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега