Дел од скопските општини без струја

Времен прекин на снабдувањето со струја утре ќе има за дел од корисниците во скопските општини Чучер Сандево, Карпош, Студеничани, Кисела Вода и Центар, информира Центарот за справување со кризи Скопје.

Од 10 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од викендиците во село Побожје во Чучер - Сандево, од 09:30 до 11:00 часот од Горен Жданец  во општина Карпош, а од 8 до 9 часот од ул. „бр.8“ во Батинци во населба Љубош во Студеничани. Без струја од 9 до 10:30 часот ќе бидат корисниците на дел од ул. „Иван Хаџиниколов“ во населбата Драчево во општина Кисела Вода, а од 09:30 до 11:00 часот, корисниците од бул. „Илинден“ бр.83 влез 1  во општина Центар.

Како што информира регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 09:41
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега