Откриена нова измама тешка 143.000 евра - што направил скопјанец?

Финансиската полиција откри нова измама за ДДВ тешка 143.000 евра, пари кои на осомничените им биле исплатени од државниот буџет во текот на 2009 година.

Главен осомничен против кого е поднесена кривичната пријава за сторено кривично дело „Измама“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ е лицето Ќ.И. од Скопје, сопственик и управител на правниот субјект  БОКИ ГРУП ДООЕЛ од Скопје, а мозок на операцијата и овој пат е добро познатиот сметководител З.З. вработен во правниот субјект МАК КОНСАЛТИНГ СУЗАНА ДООЕЛ Скопје кој ќе одговара за „Помагање“ и Фалсификување или уништување на деловни книги, информираат од Финансиската полиција.

Ќ.И.  во својство на сопственик и управител на правното лице, помогнат од З.З. свесно  употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно во истата евидентирани се фиктивни влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација кај добавувачи кои наводно ги испоставиле овие фактури. Фалсификуваните фактури не се евидентирани во нивните сметководствени евиденции, ниту пак е извршено плаќање по истите, на кој начин пријавените ги измамиле односно ги довеле во заблуда службените лица на УЈП кои ја вршеле контролата кај даночниот обврзник. Како резултат на добро организираната измама, двајцата пријавени успеале противзаконски и неосновано да извршат поврат на ДДВ при што директно го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 143.000 евра.

 

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега