Уапсен познат скопски бизнисмен

Финансиската полиција откри нова измама за ДДВ тешка 143.000 евра, пари кои на осомничените им биле исплатени од државниот буџет во текот на 2009 година.

evra1-500

Главен осомничен против кого е поднесена кривичната пријава за сторено кривично дело „Измама“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ е лицето Ќ.И. од Скопје, сопственик и управител на правниот субјект  БОКИ ГРУП ДООЕЛ од Скопје, а мозок на операцијата и овој пат е добро познатиот сметководител З.З. вработен во правниот субјект МАК КОНСАЛТИНГ СУЗАНА ДООЕЛ Скопје кој ќе одговара за „Помагање“ и Фалсификување или уништување на деловни книги, информираат од Финансиската полиција.

Ќ.И.  во својство на сопственик и управител на правното лице, помогнат од второпријавениот З.З., свесно и со намера да се стекнат со противправна имотна корист, употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно во истата евидентирани се фиктивни влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација кај добавувачи кои наводно ги испоставиле овие фактури. Фалсификуваните фактури не се евидентирани во нивните сметководствени евиденции, ниту пак е извршено плаќање по истите, на кој начин пријавените ги измамиле односно ги довеле во заблуда службените лица на УЈП кои ја вршеле контролата кај даночниот обврзник. Како резултат на добро организираната измама, двајцата пријавени успеале противзаконски и неосновано да извршат поврат на ДДВ при што директно го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 143.000 евра.

Финансиската полиција во соработка со Управата за јавни приходи против второпријавениот сметководител З.З пред неколку месеци веќе поднесе пријава за Измама за ДДВ со други фирми во негова сопственост со кои успеа да инкасира повеќе од 750.000 евра од неоснован поврат на ДДВ. За ова кривично дело З.З заработи и мерка притвор, а целокупниот имот му беше замрзнат од страна на органите на прогонот.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега