Гостиварчани краделе два месеци

Полициската станица во Гостивар, расветли седум тешки кражби, кои биле извршени изминатите два месеци, на подрачјето на Гостивар.

Осомничени се Ј.Р.(38) и В.Ј.(46) двајцата од Гостивар и Р.Б.(22) од Врбјане, кои на 30.01.2015 биле приведени и задржани во полициска станица и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Тројцата се сомничат дека насилно провалувале во куќи и најчесто одземале технички производи (телевизори, компјутерски куќишта, музички системи и друго), кои потоа ги продавале во Гостивар и Тетово.

Дел од украдените производи се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега