Им земал пари па заборавил што ветил - фатен измамник од Велес

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишниот Н.Н. поради измама. Во периодот декември 2014 година - јануари 2015 година, тој измамил четири лица од Велес прикажувајќи им лажни факти дека ќе им довезе огревно дрво, а тие му дале вкупно 16.000 денари.

Измамите ги вршел на тој начин што претставувајќи се како вработен во склад за дрва во Велес, успевал од сограѓаните да наплати одредена сума пари како капар, за кои не им издавал никаков документ, со договор, остатокот да го исплатат по испораката на дрвата.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега