СДСМ: Груевски го насетува крајот на неговото владеење

-Груевски ја знае опасноста. Ја чувствува силата и моќта на вака организираниот и екипиран СДСМ. Насетува дека се ближи крајот на неговото владеење. Оттука сиот безобразлук и вулгарност, клеветење и навреди изречени за новото раководство на СДСМ. Ништо ново. Тоа е стилот на владеење на Груевски, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ; Александар Бичиклиски.

-Активирањето на истакнати партиски позиции во СДСМ на врвни професионалци и експерти, луѓе со изграден личен и општествен кредибилитет и со силна  доверба и почит во јавноста, е вистински кошмар за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е вистинското, грдо лице на ВМРО-ДПМНЕ. Тажно и очајно е нивото на кое е спадната ВМРО- ДПМНЕ. Паранојата на самопрогласената „најмоќна и најбројна партија“ од постконгресното рекомпонирање на СДСМ е повеќе од очигледна, стои во писмената реакција од опозициската СДСМ.

најчитано сега