Нова партија блеснува на македонската политичка сцена

Партијата за економски промени 21, е новата партија на македонската политичка сцена. На чело на партијата ќе застане Билјана Јовановска. 

- Ќе делуваме во насока на конструктивни идеи предлози, до опозиција, до позиција, да се подобри стандардот, да се поддржи реалниот сектор за да се отворат нови работни места. Сакаме да го спречиме одливот на млади кадри надвор од државата, вели Билјана Јовановска, пренесува А1Он.

Јовановска вели дека Партијата за економски промени 21 нема да заземе страна додека партијата не се регистрира во судскиот регистер, но, најавува отвореност за соработка со сите политички партии, особено со оние со кои ќе се поклопат со интересите за реализација на политичките програми.

- За премногу краток период, за 30 дена оваа граѓанска партија ги направи сите подготовки за основачко собрание, беа собрание сите изјави и заверени на нотар. Најголем простор заземаат младите, 21 е број кој се однесува на младите, на нивната зрелост, духовна способност. Бројот 21 ни симболизира рамнотежа меѓу граѓаните и државата, истакна Јовановска, пренесува А1Он.

Основачите на оваа партија, смета Јовановска, се познати во својата област на делување, стручни луѓе, и никој од нив досега не бил експониран јавно на политичката сцена, објавува А1Он.

Јовановска се одлучи да формира нова партија, откако ја напушти ВМРО-Народна партија.

ФОТО: А1Он

најчитано сега