ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата да открие кој го објави видеото

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да откријат од каде се актуелните снимки, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор.

СДСМ очигледно се во паника зашто се фатени живи. Вакви штури соопштенија и површни објаснувања нема да го исперат срамот на Зоран Заев.

 

 Кој снима и кој се користи со такви материјали за закана кон носители на државна функција, во соработка со странски служби, има судска постапка и ние како партија остануваме со став дека и партиите и медиумите во врска со овој случај треба да се однесуваат одговорно и професионално и во рамки на Уставот и законите и демократските стандарди, за да не се дозволи намерата на тие што се инспиратори и креатори на овој случај да се реализира.

(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега