Пијан скопјанец дивеел во локал на Ленинова

Полицијата синоќа го уапсила 40-годишниот скопјанец И.Ч. поради нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на поранешна „Ленинова“. Се работи за 40-годишниот И.Ч. од Скопје кој откако се опијанил о нарушил јавниот ред и мир, при што бил опоменет од страна на полициски службеник но истиот му се обратил со погрдни и омаловажувачки зборови.

 И.Ч. бил алкотестиран и утврдено му е присуство на 2,23 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега